Челинџ Куп: Две Македонки во битка за полуфинале

Со комплетирањето на средбите од Челенџ купот веќе е јасно дека Македонија нема да има свој претставник во завршницата. Пелистер на двата меча како гост кај Наиса претрпе порази, па немаше простор за нешто повеќе.

Оттаму во четврт-финалето се најдоа по две екипи од Шпанија и Шведска и по една од Белорусија, Холандија, Полска и Србија, па јасно е дека ќе има интересни дуели во елиминациите.

Инаку, Македонија ќе има свој претставник во две ракометарки. Дајана Јовановска ќе игра со Кристијанштад, додека Симона Стојановска со Наиса во битката за пласман во полуфиналето.

Тимовите кои се пласираа во четврт-финалето се: Гомел (Белорусија), Малага (Шпанија), Рокаса (Шпанија), Квинтус (Холандија), Погон Шчецин (Полска), Наиса (Србија), Боден (Шведска) и Кристијанштад (Шведска)

ЧЕЛЕНЏ КУП

РЕЗУЛТАТИ ОД ОСМИНАФИНАЛЕ

Фемина Визе – КРИСТИЈАНШТАД          17:27/14:25

Пелистер – НАИСА        26:33/24:34

КВИНТУС – Гениус          27:22/23:19

Анкара Јенимахале – РОКАСА                23:33/22:24

Макаби СРЛ – БОДЕН   26:26/29:30

Алавариум – ПОГОН ШЧЕЦИН 26:41/25:32

ГОМЕЛ – Кока  30:18/32:23

МАЛАГА – Истогу           40:9/21:13

* Со мали букви се екипите кои го напуштаат натпреварувањето.