Чаневски: Со помош на публиката да го изненадиме Хановер

Тимот на Еурофарм Работник в недела го игра натпреварот од 5 коло во групната фаза во Купот на ЕХФ, а ривал е бундеслигашот Хановер, кој победи многу тешко на првата средба.

Голманот Градимир Чаневски смета дека со поддршка од публиката може да го изненадат германскиот тим.

„Многу работи се сменија во нашиот тим за разлика од првиот натпревар против Хановер. Имаме нов тренер, напорно работиме и верувам дека подготвени ќе го дочекаме натпреварот со Хановер. Со поддршка од трибините да се обидеме да го изненадиме бундеслигашот“, вели Чаневски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Хановер се игра в недела во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 19:00 часот.