Чаир убедлив кај Кузман Вардар во натпревар со 24 седмерци!

Во првото коло од Женската лига во Илинден се сретнаа Кузман Вардар Илинден и Чаир, а гостинската екипа оствари убедлива победа од 35:19 и стигна до првите бодови.

Натпреварот немаше резултатска неизвесност бидејќи од самиот почеток Чаир беше во водство, а на полувреме имаше високи осум предност од 19:11. Домашните со само една расположена ракометарка не можеа да сторат ништо повеќе.

После овој резултат по првите 30 минути продолжението беше формалност. Чаир рутински го приведе мечот до крај со постојано зголемување на разликата за на крај многу високи 14 гола.

Најефикасна во составот на Кузман Вардар Илинден беше Ивана Блажевска која постигна 14 гола. Кај победничката екипа најдобри беа Анастасија Николовска со десет и Марија Николовска со девет  гола.

Интересно за овој натпревар е тоа што беа досудени дури 24 седмерци, од кои беа реализирани 18.

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН – ЧАИР    19:35 (11:19)

Сала: Гоце Делчев во Илинден. Судии: Михаела Капсарева и Лејла Јашар од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН: Николова, Додевска, Ангеловска 2, Спасовска, Фидановска, Филипова 1, Сандева, Буразер, Ивановска, Ангелевска, Кирилова, Блажевска 14, Ѓорѓиева, Бојковска 2, Ристевска, Ивановска.

Седмерци: 10/13, Исклучувања: 6 мин.

ЧАИР: Кицеска, Сали, Маја Петровска, Миа Петровска 1, М. Николовска 9, Арсовска, Каранфиловска 3, Бакиќ 3, Димитриевска 1, Зам. Рамуко 1, Рахмани 3, Зан. Рамуко, Донева, Реџеп 4, А. Николовска 10

Седмерци: 8/11, Исклучувања: 4 мин.