Црна Гора добива големо засилување за натпреварот со Македонија

Црногорската репрезентација може да биде значително засилена за утрешниот натпревар против Македонија.

По големиот број повреди и откажувања во подготвителниот период, се враќа еден од отпишаните ракометари кој со својот настап може многу да придонесе за позитивен резултат на репрезентацијата на Црна Гора. Станува збор за голманот Небојша Симиќ кој со своите одлични настапи во ЛШ за екипата на Кристијанштад е добро познат на ракометната јавност во Македонија.

По повредата актуелниот ракометар на Мелсунген замина на лечење во Белград, каде експресно беше оспособен за настап против Македонија.Сепак, последната одлука за тоа дали Симиќ ке застане на голот на Црна Гора на утрешниот натпревар против Македонија ќе ја има селекторот Драган Ѓукиќ.