Црна Гора без Лазовиќ на дуелот против Словенија

Селекторот на Црна Гора, Драган Ѓукиќ ќе мора да направи принудна замена за утрешниот дуел против Словенија бидејќи Вук Лазовиќ е спречен да настапи. Тој доби црвен картон против Македонија поради стартот над Филип Миркуловски и поради тоа ќе мора да паузира на една средба.

300x250

Дисциплинците на ЕХФ одлучија да го казнат, а поради тоа ќе мора да одмори и да чека шанса во вториот круг или на некое следно натпреварување.

Поради тоа што стартот беше со намера падна одлука за суспензија, а ова ќе биде проблем за Црна Гора бидејќи се работи за играч кој игра во двата правци.