„Црвено-црните“ победнички во Брест: Шестиот СЕХА трофеј патува за Скопје

Македонскиот првак во интересен  и неизвесен натпревар го совлада унгарскиот првак Веспрем и ја освои третата СЕХА титула. Во финалето на регионалната лига во спортскиот комплекс „Викторија“ во Брест, вардарци победија против Веспрем со конечен резултат  26-21 и успешно ја затворија СЕХА сезоната.

Од самиот почеток се играше интересен и изедначен натпревар. Иако Вардар ја имаше иницијативата и на двапати поведе со два погодока предност, првиот дел заврши со конечен резултат 11-11.

Лекаи на почетокот на натпреварот ја одржуваше неизвесноста во натпреварот, на спротивната страна разиграниот Вардар стрелаше од сите позиции. Затоа по 15 минути „црвено-црните“ имаа предност од 6-4. Алиловиќ беше човекот кој го одржуваше Веспрем во живот во тој период, а двата одбранети пенали им дозволија на унгарците повторно да го израмнат резултатот. На спротивната страна хрватските судии досудија два седмерци во низа за актуелниот шампион, кои Илиќ немаше проблем да ги реализира за 6-6. Наптреварот продолжи во исто темпо, а Вардар до 26та минута повторно дојде до два погодока предност. Лекај веднаш возврати со брз гол, а во финалните минути од првиот дел Нилсон ја доведе неизвесноста во натпреварот. Во финалните секунди Вардар немаше среќа и стативата на Циндриќ на моменит од звукот на сирената Наѓ ја претвори во гол за конечни 11-11.

Дибиров го отвори вториот дел со гол од контра-напад благодарение на интервенцијата на Арпад Штербик, но и Илиќ го започна своето голгетерско шоу. Затоа резултатот остана изедначен овојпат на 13-13, но вардаровиот голман повторно имаше свои минути и му дозволи на својот тим да ја врати највисоката предност од +2 (15-13 37′ Марсениќ). Во средината на второто полувреме Вардарци го зголемија водството на +3 со погодокот на Дибиров во 40та минута. Тоа беше знак за тајм-аут на клупата на Веспрем.

Веднаш по минутата одмор Веспрем ги искорсти двете одбрани на Алиловиќ и една техничка грешка за израмнување на 17-17. Но советите на Раул гонзалес имаа поголем ефект, па вардарци по минутата пауза од клупата на Вардар се вратија концентрирани, мотивирани и расположени за игра. Тука започна и низата од пет погодоци кои им овозможија на „црвено-црните“ комоција од +5 голови (22-17 Дибиров 50′) пред завршницата на финалето. Тоа вбеше клучно за конечната победа на Вардарци. До крајот Веспрем брзаше во своите напади, а Вардар рутинирано одигра до самиот крај. Во 55та минута Македа ги постацви највисоките шест голови разлика (25-19), разлика која во последната минута Поповски имаше можност да ја зголеми, но Миклер го спречи ударот а Веспрем го постигна послендниот гол за 26-21.

Најпрецизен на теренот беше Дибиров со 5 голови, како и Канелјас, додека Марсениќ постигна 4. Во составот на Веспрем, Илиќ го предводеше нападот со 5 заедно со Лекаи кој постигна гол помалку. Ова е трет трофеј за Вардар во СЕХА лигата.