„Црвено-црните“ навивачи не забораваат: Овации за Штербик (ВИДЕО)

Екипата на Веспрем денеска гостува во Скопје во СЦ „Јане Сандански“, а како никогаш порано во овој тим има неколкумина кои порано беа дел од „црвено-црниот“ тим.

Голманот кој беше миленик на „вардарци“ во минатите неколку години и беше виновник за многу победи на Вардар во Лигата на шампионите, Арпад Штербик сега стои на голот на Веспрем.

„Црвено-црната“ армија навивачи, како што доликува, со овации го поздрави Штербик на претставувањето, како и на стартот на мечот.

Погледнете…