“Црвено-црна” рапсодија за крај (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарките на Вардар блеснаа во својот последен натпревар во СЦ”Јане Сандански” и на спектакуларен начин обезбедија пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Вечерашната игра на “црвено-црните” девојки беше вистинска рапсодија, која уште долго ќе остане во меморијата на сите љубители на Вардар. Митјиланд цели петнаесетина минути не го виде вардаровиот гол, а “црвено-црната” машинерија немилосрдно го полнеше противничкиот за убедлив триумф од 32-25  и петти настап по ред на Ф4 турнирот во Будимпешта.

По завршувањето на натпреварот емоциите ги совладаа ракометарките кои пуштија солзи поради крајот на успешната ракометна приказна.

Како изгледаше последниот настап на вардарки пред домашната публика погледнете низ фотографиите на 24Ракомет/Кочо Сотировски.