Црвенкоска, првата дама тренер на машки тим во ЛШ: Со години сум дел од семејството Вардар

Од пред еден месец машката екипа на Вардар доби засилување во стручниот штаб во поранешната репрезентативка на Македонија, Билјана Црвенкоска која е дел од Вардар веќе неколку години како заменик директор. Таа се одлучи да прифати сериозна задача за да биде дел од стручниот штаб на Парондо и да работи со екипата која имаше одличен старт.

Таа е првата дама која се нафатила на ваков предизвик со машкиот тим на Вардар и секако ќе биде интересно да се види како ќе функционира овој тандем до крајот на сезоната.

„Секогаш е голем предизвик да се прв во нешто, особено кога станува збор за Лигата на шампионите. Станав првите жена која добила шанса да биде дел од тренерскиот тим на клубот од калибарот на Вардар и се разбира се гордеам и се надевам дека ќе ја оправдам шансата што ми беше дадена“.

– Откаде дојде идејата за да станете дел од тренерскиот тим на Вардар?

„Вардар имаше стручен штаб составен од тренер, тренер на голманите и кондициски тренер, па беше потребно да се покрие и позицијата помошен-тренер. На тимот му требаше некој кој е подолго време во ракометот, но и некој кој знае како функционира тимот. Секако тоа требаше да биде тренер кој е подготвен да учи, да го подобри своето знаење и да помогне во развојот на тимот. Јас бев таа која одговараше на профилот и затоа ми беше дадена шанса, која јас ја прифатив без размислување“, коментира Црвенкоска во интервју за интернет страна на Европската ракометна федерација.

– Дали се соочувате со некакви пречки со оглед на тоа што сте дел од машка екипа?

„Јас сум во семејството Вардар веќе неколку години, а кога првпат бев назначена за заменик директор, не се соочив со никакви пречки и бев прифатена од сите. Така е бидејќи мојата нова позиција во клубот не смени ништо“.

– Што ќе добиете со новата позиција?

„Цел живот го сакам и живеам за и со ракометот, па сакав да бидам вклучена во самиот тим на теренот. Ова е моето задоволство. Нова сум на оваа позиција и имам добар ментор од кој можам да научам и да се подобрувам, па во иднина ќе можам многу повеќе да го користам моето знаење“, вели Црвенкоска.

Комплетнотоинтервју можете да го причитате на следниот ЛИНК.