Циндриќ за 24Ракомет ТВ: Наградата МВП е на целата екипа! (ВИДЕО)

Вардар продолжува да жнее трофеи, а од денеска витрините на македонскиот и европски шампион ќе ги краси и четврттата СЕХА титула. И оваа сезона вардаровиот мотор е Лука Циндриќ кој е незапирлив за противничките дефанзивци.

300x250

Овогодинешното издание на СЕХА ф4 турнирот во Скопје беше уште една шанса за Циндриќ да блесне со сиот свој сјај а феноменалниот  хрват на најдобар можен начин го поведе Вардар кон уште еден од низата трофеи. Неговите феноменални игри беа крунисани со наградата МВП на СЕХА Ф4 турнирот, а што имаше да каже за 24Ракомет ТВ по завршување на ракометниот спектакл погледнете на следното видео.