Циндриќ за 24Ракомет ТВ: Возбуден сум што се вратив во Скопје, тука поминав три прекрасни години (ВИДЕО)

Хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ вторпат откако си замина од македонскиот шампион Вардар во полскиот Келце, ќе игра против поранешниот клуб. На првата средба во Келце, домаќинот славеше, а меѓу најдобрите беше токму Циндриќ.

Сепак организаторот на играта за првпат ќе игра пред навивачите што цели три години го скандираа неговото име. Тој вели дека очекува да биде пречекан со аплауз.

„Тука поминав три прекрасни години и очекувам навивачите да ме пречекаат со аплаузи“, вели Циндриќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Келце се игра утре со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“, а целосната изјава на плејмејкерот на полскиот тим може да ја погледнете во видео прилогот…