Циндриќ асистира, Борозан торпедира! (ВИДЕО)

Во својот последен натпревар од регуларниот дел на Сеха Гаспром Лигата, Вардар го совлада Нексе со 29-25 (11-12), и со тоа ја потврди фантастичната сезона во СЕХА која ја заврши без пораз на првата позиција.

Најдобриот потег на натпреварот оди на релација Циндриќ-Борозан. Хрватот асистираше до Борозан кој во својствен стил ја закова топката во голот на Нексе. Одличната акција на вардаровото дуо погледнете ја на видеото подоле.