Циндриќ:Можеби ова петто место не е тоа што го очекувавме, но треба да бидеме горди!

Хрватска со победата над Чешка од 28-27 успеа да го освои само петтото место на ЕП на кое беше домаќин.

Ракометарите исто како и целокупната ракометна јавност во Хрватска сонуваа медал на домашен терен но на крајот ќе мора да се задоволат само со петтото место.

Еден од главните ракометари на коцкастите беше вардаровиот централен бек Лука Циндриќ, кој и покрај тоа што не настапи на денешниот натпревар беше еден од најдобрите во Хрватскиот национален тим на ЕП.

“Треба да бидеме горди, јас сум горд на овие момци. Треба да гледаме позитивно на некои работи, добивме играчи на кои некои не сметаа. Од самиот почеток знаев дека оваа репрезентација може многу, дадовме се од себе, и можеме со чист образ и подигнати глави да излеземе пред секого. За жал не успеавме во натпреварот со Франција, беа подобри од нас, но јас сум горд на момците. Можеби ова петто место не е она што го очекувавме, но треба да бидеме горди”.-вели Циндриќ за 24Ракомет.

Циндриќ даде објаснување зошто не настапи на денешниот натпревар против Чешка.

“Не е повреда, но имам повреда на коленото која ме мачи веќе два-три месеца. Добив тежок удар против Франција па селекторот ме поштеди денеска. Не е ништо озбилно, па ете ракометарите коишто играа денеска добија поголема можност”.

Во однос на полуфиналните мечеви вардаровиот бек очекува неизвесни дуели, а се осврна и на продолжението на Лигата на шампионите и настапот против Барселона.

“Ќе биде одличен натпревар меѓу Франција и Шпанија. Шпанците покажаа дека вредат, Французите стандарно добри на секое големо натпреварување од кои се очекува најмногу. Очекувам неизвесен дуел, нема да прогнозирам и мислам дека ќе биде неизвесно до последната минута.