Цемс го освои дербито на дебитантите

Ракометарките на екипата на Цемс славеа во дербито за Скопје меѓу дебитантите во Женската лига. Тие беа подобри од нивните колешки од Спартак и тоа како гостинки со 28:19 и се изборија за првите бодови после поразот на стартот од екипата на Пелистер.

Цемс беше во постојана предност на овој дуел. Поведе со 3:0 уште на статот и оваа разлика без проблеми ја зголемуваше во текот на целото прво полувреме. Откако беа обезбедени 11 гола предност и 19:8 на крајот од првите 30 минути можеше во продолжение да се одигра помирно.

Најголемата предност Цемс ја достигна при 24:10 и 25:11, па тука дојде до мало опуштање. Домашните успеаја да намалат и да паднат на едноцифрена негатива така што на крајот од средбата беше 28:19 во корист на тимот на Цемс со што беа освоени три важни бодови кои ќе дадат мотив за понатаму.

После овој дуел двете екипи имаат ист број на поени бидејќи Спартак во првото коло успеа да ја совлада Гевгелија.

СПАРТАК –ЦЕМС            19:28 (8:19)

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Адриана Здраковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

СПАРТАК: Самарџиева, Јовановска, Андонова, Николовска 9, Делевска, Велкова 2, Младеновска, Стефановска 1, Величковска, Трајковска 1, Атанасова, Јованчева, Иванова 3, Арсовска 3, Цветановска.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 8 мин.

ЦЕМС: Филиповска, Сандева, Китановска 1, Насковска 1, Блажевска, Цветковска 3, Мартиновска 5, Донева, Карчева 1, Василева 8, Алушовски 2, Чоловиќ, Николова, Цветковска, Пецанова 2, Костадиновска 5.

Седмерци: 2/5, Исклучувања: 10 мин.