Новак и Жабиќ ќе „пијат“ Лашко следната сезона

Словенечкиот шампион Целје Пивоварна Лашко во следната сезона ќе претрпи поголеми измени во играчкиот кадар.

Заминуваат искусниот пивотмен Игор Аниќ, како и францускиот интернационалец Вилијам Акамбре, кој ќе се врати во Веспрем по истекот на позајмицата.

Исто така и Бранко Вујовиќ по завршувањето на позајмицата од полскиот шампион Келце, ќе се врати во тимот на Талант Душебаев.

Освен заминувања, словенечкиот тим објави и две принови. Станува збор за десното крило Домен Новак, кој доаѓа од Добова.

Второто засилување е кружниот напаѓач Стефан Жабиќ, кој се враќа од позајмицата во Марибор.