Целје го победи Алборг, но нема шанси за осминафинале

Екипата на Целје остана без шанси за пласман во елиминациите од Лигата на шампионите и покрај тоа што вечерва го совлада Алборг со 32:28. Словенците го надиграат тимот од Данска, па ова беше само двобој за меѓусебен престиж бидејќи триумфот на Брест над ПСЖ ги елиминираше и двата тима од натамошните битки во ЛШ уште пред одигрувањето на средбата.

300x250

Целје доминираше од стартот на натпреварот. Постојано беше во водство и не дозволи да има изненадување. На полувреме резултатот беше 15:12 во корист на Целје, па во вториот дел само се одржуваше оваа разлика, а на крајот имаше и гол плус за конечни 32:28.

Мацковшек со осум гола беше најефикасниот играч кај Целје, додека Млакар постигна шест гола. Во редовите на Алборг, Саугструп со пет гола беше најефикасниот.