Цела 2018 во 100 секунди: Победи, порази, емоции… (ВИДЕО)

Годината која изминува донесе многу интересни натпревари во текот на сите 365 дена. Имаше многу нaстани кои секако останаа во центарот на вниманието почнувајќи од натпреварите на Европското првенство во Хрватска, преку средбите од Лигата на шампионите, завршните турнири во натпреварувањето, квалификациите за големите натпреварувања…

Сите овие настани предизвикаа радост кај еден дел од ракометарките, но имаше и солзи поради поразите во клучните средби. Многу емоции, многу возбудувања… беа составен дел од тимовите и репрезентациите, па оттаму вреди да се погледне.

Ова е видео за кое дополнителни зборови не се потребни. Сите емоции, многуте победи, порази, голови, одличните потези… Најдоброто е „спакувано“ на едно место во видеото од 100 секунди.