Цела екс-Југославија може на Европско

Откако селекциите на Македонија, Хрватска и Словенија веќе си го потврдија местото на Европското првенство, а меѓу нив Хрватите се сигурно и првопласирани в недела останува само да се потврди прашањето дали и другите три земји кои имаа статус на републики ќе се најдат на Европското првенство.

БиХ, Црна Гора и Србија после 5. коло се наоѓаат на 3. позиција во своите групи, а на табелата на третопласираните се меѓу првите четири. Сите имаат шанса во последното коло да се изборат за учество на ЕП и на некое од првите две места во групите, но ќе им требаат победи.

И Косово е во трка, но оваа репрезентација и гостува на селекцијата на Германија и тука шансите се само теоретски.

Инаку, најдобрите четири третопласирани се придружуваат на оние што како прво и како второпласирани обезбедуваат место на ЕП.