Цвијиќ ја мотивира Лекиќ: Ајде бре, можеш ти само јако! (ВИДЕО)

Ракометарките на ЖРК Вардар ја играат последната сезона во црвено-црниот дрес, но тоа воопшто не ја нарушува хемијата и одличната атмосфера на тренизите. Вардарки завршија први во групната фаза на Лигата на шампионките и обезбедија четвртфинален дуел со Митјиланд. Во пресрет на тој двобој, продолжуваат и силните кондициски тренинзи под водство на Марија Лојаница кои покрај маскималните напори се познати и по одличната атмосфера и комуникација помеѓу ракометарките, што може да се забележи и на следното видео.

Овој пат Драгана Цвијиќ ја има улогата на Марија Лојаница, а како се снаоѓа во неjзина улога погледнете на видеото подоле.