Цвијиќ jа исправи ланската “грешка”

Можеби најдобриот женски пикер во светот, Драгана Цвијиќ, минатото лето потпиша договор со Вардар и се чини дека тоа беше парчето што недостигаше од „црвено-црната“ сложувалка за да стигне до силно посакуваната европска титула. Цвијиќ со игрите на теренот ги оправдува таквите констатации, но краток ќе биде нејзиниот престој во Скопје поради најавената реконструкција на Вардар. Таа потпиша едногодишен договор со ЧСМ Букурешт и вели дека ја лани имала понуда од клубот, но среќна е што сега ќе игра за европскиот шампион.

300x250

Цвијиќ имала понуда да замине за Романија и минатата сезона, но го избрала Вардар. Дрим-тимот од Скопје нема повеќе да постои поради финансиските проблеми со кои се соочува клубот, па српската репрезентативка ќе има краток престој во Македонија, како попатна станица во својата кариера.

„Јас бев многу блиску да потпишам лани за ЧСМ, но го избрав Вардар. Сепак сега сум среќна што доаѓам во Букурешт, бидејќи ќе имаме многу силен тим следната сезона. Атмосферата во соблекувалната ќе биде неверојатна, и чест ми е што ќе играм ракомет во земја како Романија, земја што живее за ракометот. Дојдов овде затоа што сакам да ја освојам титулата во Лигата на шампионите, тоа е мојата цел.“ – вели Цвијиќ.

Друштво на линијата во ЧСМ Букурешт ќе и прават капитенот Оана Манеа, како и норвешката репрезентативка Марит Фрафјорд, а се чини дека од тимот ќе си замине Анастасија Лобах.