Цвијиќ пред ФТЦ: Сите ќе ме „тепаат“, но тоа е нормално

Вардар викендов го игра најважниот натпревар во првата фаза од групите на ЛШ, како гостин кај ФТЦ во Будимпешта. Средбата се игра денеска од 13:30 часот и ќе одговори на прашањето која екипа колку бодови ќе пренесе во следната фаза од ЛШ. На првиот дуел во Скопје, вардарки победија со 34:31. На гостувањето во Будимпешта екипата отпатува без повредените Андреа Лекиќ и Мирјета Бајрамовска. Во тимот се врати Драгана Цвијиќ којa поради болест не настапи претходно на некои средби.

Не треба да се плашиме од ништо. Игравме со нив, и знаеме дека се незгоден тим. Првиот меч во Скопје не е вистинскa слика. Тие потоа ја подобрија формата и одиграа еден одличен натпревар со Ѓер. Сигурно дека таа емоција уште ги носи. Ќе биде тешко, навивање на трибините и полна сала. Драго ми е што имаме ваков меч, тој ќе покаже каде сме со формата. Ако добро одговориме на оваа задача ќе знаеме дека сме подготвени за високи дострели.“ – смета Драгана Цвијиќ.

Сезонава Вардар имаше малку натпревари на кои може вистински да види до каде е напредокот во формата, и колку е таа подoбрена. Останувааат само натпреварите во ЛШ, и можеби донекаде во регионалната Лига. Како што вардарки знаат од каде доаѓа најголемата опасност по нашиот гол, така и Унгарките сигурно ќе се обидат да ја спречат Цвијиќ на линијата од шест метри.

„Дали ќе играат грубо. Па исто е секогаш. Нема многу да размислувам. Сите ме тепаат, но јас го сакам спортот. Тоа е нормално“ – завршува Цвијиќ.

Натпреварот меѓу ФТЦ и Вардар започнува во 13:30 часот.