Цвијиќ: Вардар ќе продолжи да гази

Вардарки ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната и веќе за една седмица ќе го имаат и првиот тест, настапот на третиот турнир од регионалната ВРХЛ лига. Претходните два турнири ги завршија со победи на сите натпревари, а сега ќе имаат нова шанса за дополнително воигрување пред почетокот на главната фаза од Лигата на шампионите.

300x250

На турнирот во Скопје од 19 до 21 јануари, Вардар ќе игра со Будуќност и Крим, по што ќе имаат уште една седмица со тренинзи пред дуелот со Мец. За пикерот Драгана Цвијиќ рано е да се прогнозира како ќе тече остатокот од сезоната, туку треба да се оди чекор по чекор, натпревар по натпревар.

„Пред нас се два натпревари од регионалната лига. Секогаш играме за победа, но овие натревари многу ќе ни значат зашто се два контролни натпревари пред Мец. Имаме два добри противници, и тоа е добро за целата екипа. И за мене и за целата екипа желбата е да се освои титулата. Но треба да се оди чекор по чекор. Не треба сега на тоа да гледаме и да размислуваме за Ф4, полуфинале или финале. Имаме уште 5 месеци до таму, и сега треба да го надградиме она што го работевме во првиот дел од сезоната и да продолжиме силно да газиме.“ – вели Цвијиќ.

Мечевите од регионалната ВРХЛ лига, се закажани за 19, 20 и 21 јануари во СЦ „Јане Сандански”. На 19 јануари во 17 часот играат Вардар и Будуќност, следниот ден, на 20 јануари се среќаваат Будуќност и Крим, а на 21 јануари играат Крим и Вардар.