Цветковски стандарден, Иштад убедлив против Ховде

Составот на Иштад забележа победа од 34:21 против Ховде во првенството на Шведска со што ја продолжи битката за титулата со екипите на Кристијанштад и Алињас. Домашниот состав беше убедлив и во ниту еден момент немаше проблеми за да се избори за победа на овој меч.

300x250

И двајцата голмани на Иштад беа во добра форма. Персон доби повеќе од минутажата, додека Јане Цветковски за времето коешто го мина на теренот имаше 36 проценти успешност на одбранети удари. Тој запре четири од 11 шута кон неговиот гол.