Цветковски одличен против поранешниот клуб

Македонскиот голман Јане Цветковски имаше одлична партија во дресот на Иштад, против неговиот поранешен тим Хелсинборг, на натпреварот од 5 коло во Елитсериен кој Иштад го доби на гостински терен со 28:33.

300x250

Цветковски бранеше во текот на целиот натпревар против Хелсинборг и успеа да забележи 13 одбрани. Иштад со овој триумф има веќе 3 победи во 4 меча, а следниот натпревар го игра против слабата Карлскрона, па тоа е шанса за нова победата.