Цветковски не можеше сам против Кристијанштад

Шведскиот шампион Кристијанштад славеше против Иштад каде настапува македонскиот репрезентативен голман Јане Цветковски со 39:28, во 17 коло од Елитсериен. Иако Цветковски бранеше одлично, сепак неговите соиграчи не можеа да направат ништо во нападот.

300x250

Тој имаше 11 одбрани и најави одлична форма во пресрет на Европското првенство во Хрватска. Иштад се наоѓа на 6 позиција на табелата, а следниот предизвик за Цветковски и неговиот тим ќе биде дуелот на домашен терен со Малме.