Цветковски и Хелсингборг шампиони, догодина ќе играат во Елитсериен

Македонскиот голман Јане Цветковски и неговиот тим Хелсингборг, во следната сезона ќе играат во најквалитеното наптреварување во Шведска, Елитсериен. Ова откако на две кола го освоија првото место во Алсвенскан Лигата, со убедливата победа над директниот конкурент Алстермо со 44:25.

Стандардно, како и во текот на целата сезона, Цветковски имаше двоцифрен број интервенции, овојпат 16 и беше еден од главните играчи во домашниот тим. На две кола до крајот, Хелсинборг е прв на табелата со 38 бодови и од следната сезона македонскиот голман и неговиот тим ќе ги гледаме на дуелите со Кристијанштад, Савехоф, Малме, Редбергслидс и останатите.