Цветковски и Иштад загубија кај Савехоф

Тимот на Иштад каде што настапува македонскиот репрезентативен голман Јане Цветковски загуби минимално на гостувањето кај Савехоф со 29:28, во натпревар од 14 коло во шведската Елитсериен лига.

300x250

Водеа гостите со 26:28 во финишот но примија 3 голови во серија и загубија со 29:28. Цветковски мина на теренот едно полувреме и забележа 8 одбрани. Во следното коло Иштад игра дома со Рикох, а има и натпревар помалку од лидерот Кристијанштад, па се очекува да вмеша во борбата за врвот.