Цветковски заминува од Иштад на лето

Репрезентативниот голман на Македонија, Јане Цветковски, на лето ќе има нов клуб. По една сезона во Иштад и по одличните партии за шведскиот клуб, му беше понуден  нов, двегодишен договор на македонскиот интернационалец, но на крајот Цветковски и клубот не се договорија.

Тој веќе втора година е во Шведска, откако претходно една сезона бранеше во тимот на Хелсинборги му помогна на клубот да обезбеди место во најквалитетното шведско натпреварување.

Засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, но понуди сигурно нема да недостасуваат. Прва опција секако се скандинавските клубови, но не е исклучена можност за заминување во некој од бундеслигашките клубови.