Цветковски е одличен голман, ама и одличен стрелец (ВИДЕО)

Јане Цветковски во новата сезона ќе ги брани боите на Иштад, во шведската Елитсериен. Македонскиот голман веќе го имаше и официјалното деби за тимот каде игра и легендарниот Ким Андерсон, пред домашната публика на мечот со Кристијанштад.

Иштад беше во игра во првите дваесетина минути, но на крајот на плувреме гостите се одлепија, па лесно ја одржаа предност и до крајот домашните се што направија е што поразот го направија поднослив, 27:31.

Цветковски не бранеше многу, само десетина минути во финишот. Имаше 2 одбрани од 6 удари кон неговиот гол, но она што е вредно за издвојување е голот што го поситгна во противничката мрежа по одличната реакција. Погледнете во видео прилогот….