Цветковски го одведе Хелсингборг на врвот

Јане Цветковски ја продолжува одличната форма низ настапите во Шведска. Неговиот Хелсингборг забележа нова победа, 31:24 над еден од директните конкуренти за пласман ранг погоре, Онередс и сега е само на врвот во Алсвенскан Лигата.

Цветковски беше на терен во текот на целиот меч и забележа вкупно 16 одбрани. Следен предизвик за македонскиот голман и Хелсингборг, кој на првата позиција на табелата има 34 бодови, ќе биде дуелот на гостувањето кај Вастерас