Хуго Монтеиро: Физичката подготвеност нè донесе до победа

Тренерот на Спортинг, Хуго Монтеиро може да биде задоволен од победата над Металург, но не и од играта на неговите момци особено во првото полувреме.

Тој после средбата им честиташе на металурзите поради тоа што во два дена успеаја да одиграа два тешки натпревари.

„Младите ракометари на Металург покажаа колку се храбри. Во неполни 24 часа тие одиграа две тешки средби, дадоа силен отпор и покажаа брба која аслужува респект. Можам да му честитам на мојот колега Брестовац за она што го прави со овие момци. Во делот за покажаното на оваа средба можам да кажам дека имавме лош старт со многу промашени шутеви. Не можевме ниту да ја консолидираме одбраната. Сепак, подобрата физичка подготвеност ни овозможи во второто полувреме да го свртиме мечот во наша корист и да дојдеме до победа“, изјави тренерот на гостите, Хуго Монтеиро.

Тој ќе треба добро да ги подготви своите момци за следниот дуел, кој е на програмата на 17 ноември кога во Лисабон гостува тимот на Чеховски медведи.