Хрвое Хорват пред Вардар: Немаме притисок, но мораме да играме добра одбрана

Екипата на Нексе е последниот ривал за Вардар во групната фаза на СЕХА-лигата сезонава. Тимот од Нашице е во Скопје каде што дефинитивно е јасно дека Вардар е големиот фаворит за освојување на бодовите.

300x250

Сите очекувања се да нема проблеми за „црвено-црните“ да дојдат и до 17. победа сезонава така што е јасно дека гостите ќе имаат голем предизвик и тешка задача за да го изненадат фаворитот.

„Очигледно е дека го  немаме понбедничкиот товар на нашите раменици на овој натпревар бидејќи се соочуваме против актуелниот европски шампиони на гостински терен. Сепак, за нас е важно да поставиме некои цели на овој натпревар. Сакаме да одиграме добро пред сè во одбраната, но и да работиме напорно во секој дел од теренот и да покажеме добра транзиција. Би сакал и да ги видм моите момци да одиграат храбро иако нашата ситуација со повредите на дел од играчите не е идеална, па нема да знаеме до последен момент со кои играчи ќе настапиме на овој дуел“, коментира тренерот на Нексе, Хрвое Хорват пред средбата против Вардар.

Дуелот се игра во СЦ „Јане Сандански“, а почнува во 17:45 часот.