Хрват ќе седне на жешкото селекторско столче на Србија?!

Српскиот сениорска машка ракометна репрезентација години назад мака мачи како да се врати на старите патеки. Голем број различни селектори, голем број познати ракометни имиња продефилираа на чело на Српската репрезентација но ниту еден од нив не успеа да ја пронајде добитната формула која би донела пред се атмосфера, а потоа и добри ракометни резултати кај нашиот северен сосед.

Најновото тренерско име кое се поврзува со жешкото селекторско столче во Србија, доаѓа од Хрватска. Станува збор за поренешниот југословенски и хрватски репрезентативец Ненад Кљаиќ, кој својот последен тренерски ангажман го имаше како селектор на Саудиска Арабија.

Кљаиќ во изјава за “Спортклуб” ги потврди неофицијалните разговори на двете страни.

“Водев неформални разговори со одредени луѓе од српскиот ракометен сојуз. Јас веднаш би го прифатил овој предизвик дури и за многу помали финансиски средства кои ми ги нудат во другите држави бидејќи голем дел од времето поминувам во Белград. Но , јас сум Хрват и прашање е како сето тоа би го прифатила јавноста во Србија. Јас лично не би имал никаков проблем бидејќи сум професионалец, но тоа не зависи само од мојата желба”-изјави Кљаиќ.