Хрватски ракометар пронајден мртов!

Звонимир Цмарко, долгогодишен голман на клубот Копривница пронајден е мртов во семејната куќа. Засега не е позната причината за смртта. Оваа вест ја протврдија и од клубот, а телото е предадено на обдукција да се испитаат деталите.

„Добивме пријава дека е пронајдено мртво тело на маж роден 1979 година во семејната куќа. Полицијата е на терен и во тек е криминалистичко истражување за да се откријат причините за смртта. Дали се работи за приодна смрт или е нешто друго ќе дознаеме после обдукцијата“, изјавија од Хрватската полиција.

Цмарко цел живот беше врзан со ракометот, беше одличен голман на ракометниот тим Копривница НОА, а по завршувањето на кариерата работеше со младите ракометари и им го пренесуваше своето големо ракометно и голманско знаење.