Хрватска ќе гори: Вардарци ќе се журкаат на заеднички одмор (ФОТО)

Како што беше случај пред две години, кога Вардар за првпат ја освои титулата во Лигата на шампионите, така и сега, „црвено-црните“ ракометари ќе бидат „почестени“ со неколкудневен заеднички одмор на повеќе хрватски острови.

Претходниот пат во 2017 беа во Сплит, а сега покрај овој град, ќе бидат и на островите Вис, Хвар и Брач.

Најпрво пристигнаа Игор Карачиќ и Кристијан Дисингер, а Германецот беше и неколку дена во Мостар на гости кај Хрватот. Од останите „златни“ момци нема да дојдат Калифа Гедбан, Дејан Милосављев, Рожерио Мораес и уште неколку…а во Сплит веќе е и Мартин Поповски.