Хрватска ја доби Србија, но го загуби Дувњак?

Капитенот на Хрватска, Домагој Дувњак најверојатно ќе го заврши настапот на Европското првенство после само еден меч. Тој има повреда на ногата поради која мораше да го напушти теренот пред завршување на средбата.

Дувњак се врати на терените пред извесно време откако долго паузираше поради повреда на ногата и оперативен зафат. Од клубот не доби дозвола за да игра, но и покрај тоа тој одлучи да се стави на располагање.

Против Црна Гора на контролниот меч заработи повреда на раката откако доби расекотина. Сепак, тоа не го спречи за да настапи. Сега после дуелот против Србија работите не се позитивни.

„Ќе видиме како ќе биде. Не ми се допаѓа. Не е најдобро и ногата ме боли“, изјави Дувњак после натпреварот против Србија.

Доколку прегледите покажат дека има пукнати мускулни влака тогаш ќе мора да го заврши овој шампионат предвреме бидејќи паузата ќе биде најмалку три недели. Ова секако ќе биде лоша вест, но сите во хрватскиот табор се надеваат дека повредата не е така сериозна.