Хрватска не прави промени: Лино Червар останува селектор

Репрезентацијата на Хрватска ќе биде водена од страна на Лино Червар и во баражот за СП во 2019 година во Данска и во Германија така што нема да има никакви промени на кормилото на националниот тим кој на домашен терен на ЕП финишираше на 5. место.

Управниот одбор на Хрватска денеска имаше состанок, а како што информираат медиумите од оваа земја извештајот кој бил поднесен од Червар бил усвоен и паднала одлука за продолжување на соработката.

Со ова станува јасно дека Хрватите се доведени до ситуација да не можат да најдат адекватна замена за Червар, па тој ќе остане и во иднина на чело на националниот тим со кој не се прослави на последното Европско првенство.