Хрватска во трка по Мундијалот во 2025 година!

Данските медиуми најавуваат заедничка кандидатура на Данска, Хрватска и Норвешка за Мундијалот во 2025 година во машка конкуренција.

Иако беше најавена Швајцарија како трета земја со скандинавските, сепак наместо Швајцарија во игра влегува Хрватска, која беше домаќин на СП во 2009 година, како и на ЕП 2018 година.

Данска заедно со Германија беше домаќин на Мундијалот годинава, па малку веројатно е дека повторно ИХФ би и дала доверба на скандинавската земја.

СП во 2021 ќе се одржи во Египет и тоа ќе биде првото со 32 селекции, додека следното во 2023 година ќе биде во Полска и Шведска.