Хрватот дефинитивно заминува од ПСЖ: Познат следниот клуб на Лука Степанчиќ

Репрезентативецот на Хрватска, Лука Степанчиќ дефинитивно ќе ја напушти екипата на ПСЖ и Франција на крајот од сезоната. Откако денеска Кристопанс потпиша за шампионот на Франција стана јасно дека Степанчиќ навреме ќе треба да замине, а тоа ќе го направи уште ова лето.

Тој веќе го има името на новиот клуб, а кариерата ќе ја продолжи во унгарскиот шампион Пик Сегед со кој потпиша договор на две години. Се очекува да биде големо засилување за тимот од Сегед и да ја зголеми конкуренцијата на десната бековска позиција каде веќе настапува поранешниот играч на Вардар, Хорхе Македа.

Степанчиќ пристигна во Париз од екипата на ППД Загреб во јули 2016 година. Високиот репрезентатвец на Хрватска откако не успеа на вистински начин да се истакне во францускиот шампион, поради повреда на коленото која го оддели од терените подолг период, но и поради добрите настапи на Недим Ремили.

Во Пик Сегед исто така ќе има силна конкуренција во Македа, но се очекува да добие далеку поголема минутажа Пастор отколку што имаше кај Раул.