Хрватите тргнаа најдобро на кадетското ЕП на кое се домаќини

Со вчерашните средби одиграни во Вараждин и Копривница стартуваше првото коло на Европското првенство во кадетска конкуренција, а селекцијата на Хрватска покажа квалитет и најава за атак на трофејот уште од стартот.

Хрватите беа убедливи против Португалија и стигнаа до победа од 37:21, а со тоа се најдоа на чекор од втората рунда која би можеле веќе денеска да ја потврдат против составот на Израел.

Во другите групи од игрите кои ги покажаа на стартот, Шведска и Исланд покажаа нешто повеќе, но тоа ќе треба да се потврди и денеска во 2. коло.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА КАДЕТИ

ГРУПА А

1.КОЛО

СРБИЈА – ИЗРАЕЛ      25:25

ХРВАТСКА – ПОРТУГАЛИЈА   37:21

2.КОЛО (ДЕНЕСКА)

18:30ч

ПОРТУГАЛИЈА – СРБИЈА

20:30ч

ИЗРАЕЛ – ХРВАТСКА

ГРУПА Б

1.КОЛО

ФРАНЦИЈА – НОРВЕШКА       30:29

ДАНСКА – РОМАНИЈА           24:22

2.КОЛО (ДЕНЕСКА)

14:30ч

РОМАНИЈА – ФРАНЦИЈА

16:30ч

НОРВЕШКА – ДАНСКА

ГРУПА Ц

1.КОЛО

ГЕРМАНИЈА – РУСИЈА            21:20

ШПАНИЈА – УНГАРИЈА           19:22

2.КОЛО (ДЕНЕСКА)

18:30ч

УНГАРИЈА – ГЕРМАНИЈА

20:30ч

РУСИЈА – ШПАНИЈА

ГРУПА Д

1.КОЛО

СЛОВЕНИЈА – ШВЕДСКА       21:29

ИСЛАНД – ПОЛСКА   25:20

2.КОЛО (ДЕНЕСКА)

14:30ч

ПОЛСКА – СЛОВЕНИЈА

16:30ч

ШВЕДСКА – ИСЛАНД