Хрватите почнаа да го копираат Вардар

Легендите на хрватскиот ракомет, Петар Метличиќ и Ивано Балиќ работат одлично со својата Академија, а веќе почнуваат и со нејзиното ширење низ Далмација. Очигледно дека нивното гостување во Скопје во септември даде резултат и решија да го ископираат рецептот кој функционира.

300x250

По примерот Вардар јуниор лигата и тие влегуваат во проект од кој ќе се обидат да дојдат до новите таленти на хрватскиот ракомет со оглед на тоа што е присутен голем пад во оваа игра пред сè на клупски план.

Како што уште вчера беше најавено лигата ќе се игра во четири града, а потоа ќе има завршен турнир во Сплит. Целта е што поголем број на дечиња да почнат да се занимаваат со спорт, пред сè со ракомет, а ова е рецептот кој дава резултат.