Хрватите во паника: „Омилениот“ голман од Франција, Омејер на списокот на Динар

Репрезентацијата на Хрватска е една од оние коишто голманот Тиери Омејер редовно ги запираше на големите натпреварувања. Доколку не беше тој тогаш Хрватите сигурно ќе имаа уште некоја титула во последните неколку години бидејќи Омејер заедно со Карабатиќ редовно успеваше да им зададе удар на ракометарите кои сега ќе бидат домаќини на Европското првенство.

Иако не се очекува Омејер да биде меѓу оние играчи коишто ќе се најдат на стартот на Европското првенство, сепак, сè е можно. Доколку селекторот Дидие Динар одлучи дека му треба искуство тогаш Омејер ќе биде тука за да помогне и ќе чека шанса. Неговото искуство ќе биде драгоцено, а иако веќе има 41 година тој брани во одлична форма во редовите на ПСЖ во текот на целата сезона и сигурно може да издржи и неколку средби на шампионатот во Хрватска.

Оттаму, Хрватите се во паника дека Динар би можел да го повика Омејер за вториот круг и да го има за дуелот против домаќинот кој би требало да се случи откако групите А и Б ќе се спојат.