Хорват: Ќе сториме сè да го елиминираме Вардар!

Вардар в сабота го игра првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против хрватскиот првак Загреб.

Десното крило Златко Хорват, кој е најдобар стрелец во тимот, вели дека нема да е лесно, но ќе сторат се да го елиминираат Вардар.

„Со играта што ја прикажуваме заслужуваме полно трибини. Големо задоволство е да се игра против тим што пред две години беше европски првак. Вардар сигурно сака повторно да стигне до Ф4 во Келн, но ние ќе сториме се за да го елиминираме македонскиот клуб. Нема да биде лесно, но Загреб неколку пати покажал дека знае да игра против фаворити“, вели Хорват.

Натпреварот меѓу Загреб и Вардар се игра в сабота со почеток од 20:30 часот.