Хорват: Да се игра против Вардар е непроценливо искуство

Екипата на Нексе очекувано беше поразена од Вардар, но тренерот Хрвоје Хорват е задоволен од перформансот на неговите ракометари во Скопје. Натпреварите против Вардар се непроценливо исуство за младите ракометари на Нексе, и секоја добра игра против актуелниот европски шампион е за поздрав.

300x250

Хрвоје Хорват, тренер на РК Нексе:

Драго ми е што сме дел од еден ваков јубилеен натпревар за Вардар, 17 победа во СЕХА оваа сезона. Одигравме добар натпревар и задоволен сум од моите ракометари. Навистина ни беше тешко, бидејќи не сме ист квалитет. Особено ме радува тоа што младите ракометари кои добија шанса ја искористија и тоа искуство е непроценливо против екипа каква што е Вардар.