Холстебро му нанесе удар на Скјерн во битката за Супер купот на Данска

Пред почетокот на првенството на Данска силите ги одмерија екипате на на Холстебро и Скјерн. Подобар беше составот на Холстебро кој славеше со резултат 26:23.

300x250

Натпреварот започна израмнето но првото одлепување го имаше Скјерн кој замина на 6:3 и ги натера противниците на тајм – аут по само 11 минути. Магнус Браминг беше одличен и успеа со два гола да го врати својот тим во игра, а до крајот на првото полувреме малата предност од еден разлика која ја имаше Скјерн успеа да ја оддржи и да замине на одмор со резултат 11:10.

Само што почна вториот дел екипата на Холстебро го зголеми ритамот и успеа да погоди петпати во серија, а во меѓувреме не прими ниту еден и го превзема водството. Со ваква мотивација тимот кој водеше во најголемиот дел од средбата не препушти ништо на случајот и не дозволи екипата на Скјерн да го расипе славјето.

Кај Холстебро одличен беше голманот Себастија Франдсен со 19 интервенции, а Магнус Браминг погоди деветпати и воедно беше наjкорисен играч на натпреварот. Кај Скјерн, Андерс Егерт со осум и Бјарте Мирхол со шест погодоци беа најефикасни.