Холанѓанките украдоа бод: Србија испушти победа во финишот

Андреа Лекиќ постигна три, а Драгана Цвијиќ два гола во дербито на денот на групата Д на Светското првенство. Србија имаше победа в раце против Холандија и 27:24 во 55. минута, но и пет минути без гол.

Во последните моменти од натпреварот Холандија знаеше како да ги казни Србинките, кои потфрлија во клучните моменти и не успеаја да го издржат завршниот удар. Ова беше второ реми по ред бидејќи ги поделија бодовите и вчерс со Германија. Сепак, за разлика од тој дуел во кој беше обезбеден бод, сега беше загубена победата.

Дмитровиќ со девет гола кај Србија и Абинг со седум во Холандија беа најефикасни на средбата додека голманката Чолиќ имаше дури 19 одбрани.

Србија е една од непоразените селекции на Мундијалот, а после четири кола има две победи и два нерешени резултати.