Хероите на литургија во македонската православна црква во Загреб (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските репрезентативци по вчерашната победа над Словенија од 25-24, со која го отворија Европското првенство во Хрватска денес имаат слободен ден во пресрет на утрешниот натпревар против Црна Гора.

Денес  сите верници од православна вероисповест го слават Обрезание на Господ Исус Христос и Свети Василиј Велики, а македонската ракометна делегација денот пауза во Загреб го искористи за да ја посети македонската православна црква Св. „Злата Мегленска“ во Загреб.

ФОТО: Кочо Сотировски

Еден од најстарите верски објекти кои датираат 1450-те години црквата „Св. Рок“ е отстапена на користење на македонските верници и го добила името Св. „Злата Мегленска“, привремено додека заврши изградбата на македонскиот објект,кој како што велат од организацискиот одбор ќе биде еден од најубавите во Загреб. Заедно со Mакедонците кои живеат во Загреб, македонските репрезентативци присуствуваа на свечената литургијата.