Хенс и Доминиковиќ заминуваат во пензија?

Екипата на Балинген која во моментов се наоѓа само на едно место над позицијата која води до испаѓање во втората по ранг лига во Германија,  ќе се соочи со сериозни проблеми во наредната натпреварувачка сезона, кога тимот ќе го напуштат 4 стандардни ракометари. Доколку Балинген успее да се спаси од испаѓање, управата на тимот ќе мора летово да работи на доведување на нови играчи бидејќи Саша Илиќ, Давор Доминиковиќ, Паскал Хенс, Питер Јоханесон  повеќе нема да бидат дел од тимот.

Саша Илиќ , кој скоро цела своја кариера ја помина во тимот на Балинген, одлучи оваа сезона да биде последна во неговата ракометна кариера. Давор Доминиковиќ кој беше дел од големи европски тимови како Барселона , Загреб, Кил, ПСЖ, Хамбург, ќе го напушти тимот но сеуште нема одлучено дали ќе стави крај на својата кариера или сепак ќе одигра уште една сезона во некој друг клуб. Ист е случајот и со Паскал Хенс, кој ќе го напушти клубот но дополнително ќе одлучи за својата иднина. Питер Јоханесон 24 годишниот голман, кој има одиграно и 10 натпревари за репрезентацијата на Шведска се уште е во потрага по својот нов клуб.

Благоја Филиповски/ Д.А.