Хајневетер полуде на своите соиграчи: Одбраната ни е сра*e! (ВИДЕО)

Кил го совлада Фуксе Берлин со резултат 25-20 (15-8) во натпреварот од рамките на германската Бундеслига. Овој натпревар воедно претставуваше и последна проверка за “зебрите” кои во недела ќе го пречекаат Вардар во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Ракометарите на Алфред Гисласон во одлично темпо го одиграa и овој натпревар и во фантастична форма ќе го пречекаат Вардар во недела. Одличната игра на Кил не му се допадна на германскиот репрезентативец на голот на Фуксе, Силвио Хајневетер кој во 18.минута беше немоќен при едно торпедо на Марко Вујин. По овој погодок Хајневетер им се обрати на своите соиграчи со зборовите:Одбраната ни е срa*е!, алудирајќи на лошо поставениот блок на дефанзивната линија на Фуксе. Очигледно неговите зборови не допреа премногу дo соиграчите на Хајневетер кои убедливо го загубија натпреварот.

Реацијата на Хајневетер погледнете ја на видеото подоле.