Хаос во Атина: Ракометарите на Олимпијакос нападнати од навивачите на АЕК (ВИДЕО)

Ривалството помеѓу АЕК и Олимпијакос е присутно на сите терени каде и да се сретнат екипите. Така и во финалето од шампионатот во Грција беше жестоко на дуелот на теренот на АЕК.

Познато е дека финалињата во Грција ретко поминуваат во фер и спортска атмосфера. Исто така и оваа финале не помина без скандал. Олимпијакос стана шампион на Грција победувајќи го АЕК во финалната серија, но навивачите на АЕК влетаа на терен и ги нападнаа гостинските играчи. За да се избегне поголем инцидент мораа да интервенираат и специјалните единици на грчката полиција.

Играчот на АЕК, литванецот Лауринас Палјавичиус кој ја игра првата сезона во Грција имаше свој коментар за непосакуваните настани во финалето.

„Во Литванија навивачите уживаат во ракометот, го поддржуваат својот тим и имаат почит кон противникот. Секогаш е убаво да се игра во таква атмосфера. Во Грција сè е поинаку, никогаш не знаете што може да се случи“, коментираше Литванецот.

Во продолжение погледнето го видеото од инцидентот…